Селекторот Јонуз задоволен од возниот ред за ЕП 2012
25.03.10 15:32
Првиот впечаток на селекторот Мирсад Јонуз е дека 70 проценти од желбите се исполнети. Првите четири средби според него даваат убава можност репрезентацијата на Македонија да го покаже вистинското лице и да собере бодови кои можат да обезбедат одлична позиција за продолжението од квалификациите.
задоволен од “возниот ред“ – Мирсад Јонуз
– Најважно за нас е Националната Арена да биде подготвена за првите две средби, што значи Јужната трибина заедно со Северната и потребното осветлување да функционираат беспрекорно. Побарав од нашата делегација во Тел Авив да разговара со руската делегација за поместување на средбата Македонија – Русија ако е можно во ноемврискиот термин токму од овие причини а и за да избегне тежок натпревар по напорното патување за Андора. Секако за ваков епилог е потребна и согласност од останатите селекции во групата – изјави селекторот Мирсад Јонуз на официјалната веб страна на ФФМ.
– Особено сум задоволен од последните три средби кои ни даваат можност да играме со противниците кои можеме да ги совладаме и да освоиме максимален број бодови за добар успех во овој квалификациски циклус- изјави селекторот Јонуз кој веста за календарот ја прими во Скопје.
Ракометарите на Охрид во рамки на единаесеттото коло од Супер лигата во сабота, 8 ноември, ја пречекуваат екипата на Пролет Пролет е една искусна екипа која знаеше да не изненади во претодните годи...
Успешен настап на охридските стрелци на меѓународниот турнир „Пирин“ 2025 кој се одржа на стрелиштето во спортската сала Скаптопара во Благоевград На Турнирот учество зедоа повеќето врвни клубови о...
Хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ во чест на неговиот прерано згаснат живот ќе се одржи во сабота, 8 ноември Маршот ќе започне во 10 часот во близина на неговиот дом...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.