Шкотскиот селектор Крег Левин сеуште верува во пласман на СП на неговата селекцијата. Шкотска од два натпревари на домашен терен ремизираше на двата против Србија 0-0 и вчера со Македонија 1-1.


Ако на мечот со Србија, шкотите беа поблиску до триумф, тоа не беше случај на натпреварот со Македонија. “Црвено жолтите“ прокоцка и промашија колосални шанси за гол во мрежата на Мекгрегор.

– Кога ќе ја погледнам табелата во групата, ние сме два позади првопласираниот а во игра се сеуште 24 бодови. Да победевме на денешниот натпревар ќе направме и то каква бркотница на врвот бо групата но ете Македонија играше добро и не ни остави простор да се радуваме – потенцираше селекторот на Шкотска, Крег Левин.

Шкотска во наредната трета рунда ќе го одигра британското дерби против Велс на гостински терен.

Мх.П.