Селекторот на италијанската репрезентација Чезаре Прандели е најсериозен кандидат за презамање на клупата на седумкратниот европски првак Милан. Сезонава “росонерите“ бележат резуталтати кои се далеку од очекувањата на навивачите.

Тие вината не ја гледаат само во екипата и тренерот Масимилијано Алегри, туку во управата на клубот која лесно се одлучи за продавање на своите ѕвезди во тимот, а немаа соодветни засилувања.

Последен удар за Милан беше елиминацијата од Купот на Италија од Јувентус по продолженијата. Во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони, “росонерите“ се пред (не)возможна мисија откако за противник им се падна Барселона.

Ако тимот од “Сан Сиро“ не смени некои работи, а пред се не донесе квалитетни засилувања, фудбалери и челниците на клубот на крајот од сезоната ќе мораат да се задоволат со пласман на некоја од позициите кои водат во Лигата на Шампионите.

Мх.П.