Селекторот на машката ракометна репрезентација и тренерот на Вардар, Раул Гонзалес е пред промоција во францускиот гигант Пари Сент Жермен. Шпанскиот стручњак ракометниот дрим трим ќе го преземе следната сезона и ќе го води три сезони.

47-годишниот стратег на клупата од Вардар го достигна врвот освојувајќи ја титулата во Лигата на Шампиони пред екипи како Барселона, Веспрем и неговиот следен клуб ПСЖ.

Тој со својата дисциплинирана и посветена работа постави високи услови во „црвениот црниот“ свет и ќе остане еден од најдобрите ракометни стручњаци кои работеле на Балканот.

Најверојатно заминување на Раул Гонзалес ќе донесе лавина заминувања и на други играчи, а веќе се споменуваат договорените трансфери на Арпад Штербик, Лука Циндриќ, Илија Абутовиќ.

Да не биде се така тажно околу заминувањето на Раул Гонзалес се погрижи токму Шпанецот кој најави дека ќе остане на селекторската позиција на Македонија и ја води според договорот кој го има со Ракометна федерација на Македонија.

OhridNews