Селекторот на репрезентацијата до 13 години Коки Аврамоски го најави своето присуство на натпреварите од Детската фудбалска лига. Пред очите на селекторот ќе се сретнат охридските екипи во петтата рунда од шампионатот.


– Почестени сме со најавата дека на нашите натпревари ќе присуствува селекторот на Македонија до 13 години. Тоа ни дава добар знак дека работите одат во позитивна насока – рече координаторот на лигата за југозападниот регион, Наум Јанкуловски.

Дел од петтата рунда од Детската фудбалска лига ќе се одигра во Охрид и дел во Струга.

Мх.П.