Фудбалерите од охридските екипи во петтата рунда од Детската фудбалска лига своите квалитети на теренот ги демонстрираа пред очите на селекторот на репрезентација до 13 години Коки Аврамоски.



– Проектот со Детската фудбалска лига беше да се опфати целата територија на Македонија и сите дечиња кои се занимаваат со фудбал да учествуваат во неа. Јас со голема помош на координаторите низ регионите ќе направиме добра селекција која ќе носи врвни резултати во нашата земја –
рече Аврамоски.


Селекторот полека ги мести коцките во репрезентација за пријателскиот дуел со Србија, кој треба да се одигра во јуни.



– Македонија располога со доста таленти, но со нив треба добро и квалитетно да се работи за подоцна нивниот талент излезе на виделина. Првиот собир на селекцијата ќе биде во јуни, а ќе одиграме пријателски натпревари со селекцијата на Србија
– заврши Аврамоски.

Селекторот своето присуство го најави на завршниот турнир, кој ќе се одигра на “главниот“ терен од СРЦ “Билјанини Извори“.

Мх.П.