Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван го повика новопечениот репрезентативец Ренато Вугринец за подготовките кои селекцијата ќе ги одработи во Охрид од први до шест април.

Со приклучувањето на Вугринец во репрезентацијата селекторот ја пополни дупката на десната бековска позиција која настана по недоаѓањето на капитенот Кирил Лазаров на подготовките во Охрид.
Мх.П.










