Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван доцна вечерва го објавил списокот ракометари кои ќе патуваат на мегдан со Светскиот првак Шпанија во квалификациите за Европското првенство во Данска следната година.


На списокот како што пренесува Мкд.мк немало место за “министерот за одбрана“ Борко Ристовски, а причината за изоставување сеуште не е наведена ни потврдена.

Петар Ангелов, кој беше пречкртан од претходникот на Обвран, Ѕвонко Шундовски имаше маестрално второ полувреме со Светскиот првак и веднаш стана избор број еден за хрватскиот стратег.

Покрај изоставувањето на Ристовски, селекторот за дуелот со Светскиот првак нема да може да смета на Филип Миркуловски и Недановски, додека настапот на Лазаров до крајот ќе биде неизвесен.

Мечот против Шпанија се игра в недела на 7 април во градот Гвадалхара.

Мх.П.