По изврешеното извлекување на групите за европското фудбалско првенство коешто ќе се одигра од 8-ми јуни до 1-ви јули следната година ќе се игра во Украина и Полска, направена е ранг листата на најскапите играчи коишто ќе настапат на овој најголем континентален спортски настан.


Популарната „Црвена фурија“ е проценета на 641 милиони евра, а по неа следи Германија со 375 милиони, Португалија со 331, Англија со 326 и Италија чијашто селекција, односно вкупната цена на фудбалерите изнесува 314 милиони евра. „Најевтина“ е селекцијата на нашиот јужен сосед Грција, која чини 63,9 милиони евра.

Меѓу фудбалерите секако предничи по цената Португалецот Кристиано Роналдо со 90 милиони евра, па следуваат играчите на актуелниот шпански и европски шампион Барселона, Андрес Иниеста со 65 и Цеск Фабрегас со 54 милион и Чави -45 милиони евра. Следат, исто така, шпанските репрезентативци  Давид Силва со 45 и Фернандо Торес со 42 милиони евра. Холанѓанецот Весли Снајдер е седми со цена од 40 милиони евра, па доаѓа уште еден каталонец Жерар Пике со 38 милиони, колку што чини и Французинот Франк Рибери, а десетката најскапи на ЕУРО 2012 ја затвора шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ со цена од 35 милиони евра. Оваа цена или приближна на неа е важечка и за следните десетмина најскапи фудбалери што ќе настапат во Украина и Полска.

Вредност на репрезентациите:
1.Шпанија – 641 милиони евра
2.Германија – 375
3.Португалија – 331
4.Англија – 326
5.Италија – 314
6.Франција – 306
7.Холандија – 236
8.Ирска -190,8
9.Република Чешка -179,9
10.Русија – 165
11.Хрватска -146,9
12.Шведска – 116
13.Украина – 96,8
14.Данска – 79,9
15.Полска – 64,7
16.Грција – 63,9

“макфакс“
Ohridnews