Реџеп Селман, член на АК Охрид, и Ивана Рожман (7 Мај) се најуспешни атлетичари за 2010 година.


На прогласувањето на најдобрите за 2010 што го организираше Атлетската федерација на Македонија за најуспешен младинец е Славчо Мирчевски (Охрид), а млад младинец Ицко Јанкоски (3 Ноември).

Во женска конкуренција најдобра младинка е Христина Ристеска (3 Ноември), а млада младинка Валбона Селими (Лирија). Најуспешен тренер е Ѓорѓи Вучков (7 Мај) итн.