Месната заедница од село Куратица – охридско, се закани дека доколку Локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие не се произнесат по барањето поднесено уште минатата година за корекција на надоместокот за комунални услуги, жителите од ова населено место ќе се откажат од услугите на „Комуналец“.

Од селото потсетуваат дека со цел надминување на недоразбирањата минатата година се одржа средба помеѓу претставници на месната заедница и ЈП „Охридски Комуналец“, по што  с. Куратица  поднесе барање за поништување на таксата за јавна чистота, на кое сеуште чека одговор.

OhridNews