Подрачното училиште во селото Лешани во иднина ќе добие нов објект, со што учениците ќе добијат посовремени услови за следење на настава.
За таа цел општина Дебрца преку Електронскиот систем за јавни набавки деновиве објави јавен оглас за Изработка на основен проект за изградба на училиште во ова село.
Вредноста на јавната набавка е околу 4.800 евра или точно 300.000 денари, а критериум за избор ќе биде најниската понудена цена. Според процедурите, по изготвување на проектот ќе биде објавен и јавен оглас со кој ќе се бара изведувач на градежните работи.
Крајниот рок за аплицирање по објавениот јавен оглас е 11-ти ноември 2015 година.
OhridNews