
Случајот вчера го пријавил И.П. од Ливада кој ја информирал полицијата дека во неговата куќа во временскиот период од 15.00 часот на 21.06.2012 година до 19.00 часот на 22.06.2012 година, од страна на непознат сторител била извршена кражба при што бил одземен различен златен накит.
ПС-Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителот.











