
-По оддржување на едно рочиште, судот донесе одлука за времена забрана за градежни активности, додека не се изврши целосна санација и додека не се врати земјиштето во првобитната состојба . Фирмата инвеститор и покрај донесување на судската одлука, која веднаш стапува на сила, сепак не ја почитува. Напротив, продолжува со градежни зафати. Ова е противзаконски. Градежниот инспектор, откако увиде дека судската забрана не се почитува, требаше да донесе решение за затворање на градилиштето. До денеска такво решение не е донесено. До него веќе е поднесена кривична пријава. – вели Билјана Шутиноска.
Семејството Шутиноски одговорност за целиот случај гледа и кај локалната самоуправа.
-Ова е уште еден во низата случаи на целосно нефункционирање на нашиот систем.- се вели во отвореното писмо.
Инвеститорот на градбата не сака да ги коментира изнесените обвиненија на соседите, бидејќи смета дека се тенденциозни и злонамерни.
OhridNews

					



							






