“Сексуалната работа и медиумите” ќе биде насловот на еднодевната работилница  која на 28 април ќе са орджи во Охрид. Оваа реботилница е дел од проектот  “Сензитивизација на новинари за прашања поврзани со сексуална работа“, кој го реализира  здружението на граѓани ХОПС- Опции за здрав живот, заедно со SWAN.


Работилницата има за цел да ги запознае новинарите со дополнителни информации  за темата сексуална работа, со цел да ги упати дека треба објективно да известуваат за истата и да ја намалат стигмата за оваа тема во медиумскиот простор.

Семинарот ќе се одржува во просториите на Црвениот крст од Охрид, а на него ќе учествуваат новинари од повеќе редакции од Охрид, Струга и Битола.

OhridNews