Парохискиот храм „Света Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека вечерва со почеток во 23 часот ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети маченик Бонифациј и свети Григориј епископ Омииритски“.

По тој повод црквата „Света Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews