Охридските градежници со неверојатен пресврт стигнаа до сензационална победа на гостувањето во Кичево против Влазерими со 5-4.
Натпреварот лошо започна за “белите“ кои по 15 минути игра беа во негатива од 3-0. Зекири во третата, Д. Рахмани во 12 – та и Дехари во 15 – та навестија бродолом на охридскиот тим. Немајќи што да загубат избраниците на Трифуноски комплетно се отворија и преку М. Стојaноски намалија на 3-1, а по прецизно изведената најсторога казна Толески намали на 3-2. Со вториот гол на мечот Дехари повторно ги врати кичевци во комотна 4-2 предност по првите 45 минути.
По паузата “фајтерски“ расположените охриѓани тргнаа на се` или ништо. Такавата игра даде плод во 55 – та минута кога Димоски погоди за намалување на предноста на 4-3. Гостите ја користат збунестоста на домашната одбрана која потклена по четврти пат во мечот, Сејдини ја затресе сопствената мрежа.
Кога и двете страни се задоволија со реми, на сцена повторно стапи популарниот Лама, кој со вториот гол на мечот во 82 минута ја осигура победата во еден од најинтересните натпревари одиграни во кратката историја на новоформираниот второлигаш.
Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар сите ја знаеме големината на Вардар, но ние работиме, анализираме, се подготвуваме, вели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески Се надевам на уште еден пози...
Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч ...
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.