Битолските „зелено бели“ ќе ја продолжат европската авантура во Челенџ Купот, откако го елиминираа составот на Вогошча со победата во Босна и Херцеговина 28-25 (14-16).
Со триумфот од три погодоци ракометарите на Пелистер ја надохнадија негативата (23-21) од поразот во првиот меч во Битола.
Решавачките моменти во двомечот се случија во последните минути, кога „пелистерци“ со добра одбрана и лесни голови успеаја да го зголемат водството кое го презедоа во второто полувреме.
Свој учинок во сензационалниот триумф на Пелистер имаше и Иван Тасески кој постигна еден гол, а во листата на стрелци се истакнаа Бојан Маџовски со шест и Везенкоски со четири погодоци.
OhridNews