Американката Слоан Стивенс, го направи најголемото изненадување во
досегашниот тек на Отвореното првенство на Австралија во тенис, откако
во финалето ја елиминира сонародничката Серена Вилијамс. Стивенс,
најголемата фаворитка на турнирот ја победи со 2:1 (3:6, 7:5, 6:4).

19-годишната Стивенс, која е 29-та носителка на турнирот до полуфиналето
и најголемиот успех во кариерата стигна благодарение на одличната
одбрана против третата носителка Серена Вилијамс, која во 2012 година
победи на последните четири големи турнири – грем слемовите во Вимблдон и
Њујорк, Олимписките игри и завршниот Мастерс во Истанбул.

„Господе ова е неверојатно, не можам да поверувам. Мислам дека својот
постер ќе го закачам на ѕид“, ја воодушеви публиката на Род Лејвер
арена, со својата изјава Стивенс.

За разлика од Серена Вилијамс, првата носителка и бранителка на
трофејот, Викторија Азаренка, немаше проблеми против ветеранката
Светлана Кузњецова. Белурусинката победи во два сета со 7:5, 6:1.

“Макфакс“