Македонската фудбалска репрезентација оствари антологиски резултат во Торино, откако ремизираше 1-1 со четирикратниот Светски првак, Италија во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија.
„Црвено жолтите“ сосема заслужено го освоија бодот со Италија одигрувајќи одличен натпревар. Ремито во Торино и математички ја лансираше Шпанија на првата позиција во групата која носи директен пласман на Светското првенство.
Избраниците на Игор Ангеловски не се импресионира од противникот и не потклекнаа при негативата 1-0 после 45 минути игра. Напротив, во вториот дел со организирана и стрплива игра ја чекаа својата шанса. Таа дојде и ја искористи Александар Трајкоски кој го совлада Џиџи Буфон.
Македонија завесата во квалификациите за СП во Русија ќе ја спушти во понеделник против селекцијата на Лихтештајн.
OhridNews