Охрид денес и утре ќе биде домаќин на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полициите од земјите на Југоисточна Европа (SEPCA) на коешто ќе учествуваат директорите на полициските служби на земјите од регионот: Србија, Босна и Херцеговина- Федерација, БиХ Република Српска, Албанија, Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Романија, Италија. На Генералното собрание кое со свое обраќање ќе го отвори првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, Љупчо Тодоровски, кој воедно е и актуелен претседавач на асоцијацијата, ќе присуствуваат и претставници од повеќе меѓународни организации и партнери за соработка на SEPCA: SDC, ОБСЕ, Интерпол, Европол, американската FBI MARRI, RCC, DCAF, SECI/SELEC Center, SEESAC/UNDP, SOFRECO, кои со конкретна поддршка се вклучени во имплементација на повеќе заеднички проекти.
Се очекува на маргините на собирот директорот на БЈБ, Тодоровски и директорот на италијанската полиција Антонио Манганале, да го потпишат билатералниот Оперативен протокол за соработка на заеднички тим, чијашто цел ќе биде собирање и размена на информации во областа на трговијата со дрога.
Инаку SEPCA, како асоцијација на шефови на полиции во Југоисточна Европа работи на зајакнување на полициската соработка, не само во регионот, туку и пошироко, особено во делот на размена на информации и податоци со цел успешна реализација на заедничките активности во борбата против трансграничниот криминал.
Општинската изборна комисија Охрид со известување до жителите за промена на некои места кај што ќе може да го остварат своето избирачко право Жителите на улица „Александар Турунџиев“ со куќен број ...
Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците на дел од улиците „Кеј Македонија“, „Партизанска“ и „АСНОМ“, најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради изведување на поголем технички зафат во ...
Започнува подготовката на зимница Пазарот во Охрид понеделнички раздвижен Забележливо зголемена понудата на зеленчук и овошје потребни за подготовка на традиционалниот македонски ајвар, лутенка, кр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.