Дамјан Серафимов од ГФК Охрид е прогласен за „Најдобар голман“ на есенската полусезона во 2 македонска фудбалска лига според изборот на 2 МФЛ.

Чуварот на мрежата на „рибарите“ на 15 одиграни натпревари во есенскиот дел од сезоната, успеа осум пати да ја сочува својата мрежа недопрена.

Иван Глигоров, пак, е прогласен за „Најдобар играч“ и „Најдобар млад играч“ на есенската полусезона во Втората лига.

Глигоров брзо се адаптираше на новата средина, напаѓачот на „рабарите“ во 14 натпревари постигна 13 погодоци за есенскиот првак.

На чело на идеалниот тим е стратегот на Охрид, Ромео Кочоски. Тој е прогласен за „Најдобар тренер“ на есенската полусезона во 2 МФЛ.

Кочоски го предводеше Охрид на 15 натпревари и полусезоната ја заврши со 13 победи и по еден пораз и реми, неговата екипа е есенска првак и најефикасна со 38 постигнати погодоци.

OhridNews

Фото: 2МФЛ