Американката Серена Вилијамс е победник на УС Опен откако во финалето со 2-1 во сетови ја совлада Викторија Азаренка.

До четвртата титула во кариерата на УС Опен, Вилијамс стигна по потешкиот пат. Имаше водствот од 1-0 во сетови, но пропушти да го реши мечот во два сетови. Тоа што не му успеа во вториот му појде од рака во третиот освојувајќи четири гема по ред.

АТП турнирот УС Опен ќе се комплетира утре со финалето во машка конкуренција помеѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Мх.П.