Серена Вилијамс во финалето од Роланд Гарос ја совлада бранителката на трофејот Марија Шарапова со 2-0 во сетови (6-4, 6-4).


До вториот трофеј по пауза од 11 години Американката стигна по еден час и 46 минути игра, а вкупно ова е 16 гренд слем титула за најдобрата тенисерка моментално.

Поразот од Вилијамс во финалето ја продолжи агонијата на Шарапова, која за триумф против помладата сестра на Венус не знае веќе 12 меча.

Мх.П.