Центар за култура „Григор Прличев“

Од 22.09.2023 - 20:00 до 22.09.2023 - 22:00

Претставата „Сергеј е многу глупав“ во режија Дејана Николовскa на барање публиката повторно на репертоарот во петок, 22.09.2023 година, со почеток во 20.00 часот, карти по цена од 200 денари на билетара при Центарот за култура.

Во претставата „Сергеј е многу глупав“ се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација.

Курири–доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив.

Улогите ги толкуваат Сергеј – Никола Тодороски, првиот курир – Стрезо Стаматовски, вториот курир – Горан Стојаноски, третиот курир – Филип Кипровски и Маша – Елизабета Стефановска.

OhridNews