Искусниот руски ракометар Сергеј Горбок од следната сезона повторно ќе го облече „црвено црниот“ дрес на Ракометниот клуб Вардар. Враќањето во Вардар го официјализираше самиот ракометар кој со тимот на Пик Сегед гостуваше во Скопје во рамките од Лигата на Шампиони.
– Мојот договор со Пик Сегед истекува и мило ми е што ќе се вратам во Скопје. – изјави кратко Горбок.
Во првиот мандат 35 годишниот ракометар се задржа две сезони (2014-16) и премина во унгарскиот вицешампион Пик Сегед со кој не успеа да го симне Веспрем од шампионскиот пиедестал.
Доаѓањето односно враќањето на Горбок е добар знак за актуелниот европски шампион кој се соочува со финансиска криза и заминување на подобрите играчи во конкурентските екипи.
OhridNews