Ѕвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро учествувал во сообраќајна незгода со својот џип Ренџ Ровер сабајлево кога се враќал од тренингот кампот на „граѓаните“.

На автомобилот од Агуеро има материјална штета а фудбалерот минал без повреди.

  • Тој не е повреден, откако со својот автомобил учествувал во сообраќајна несреќа. Материјалната штета голема бидејќи половина од предниот дел од автомобилот е надвор од функција. – стои во објавата од Скај спорт.

Како што пренесуваат англиските медиуми фудбалерот бил задржан кратко време во болница и пуштен бидејќи не се пожалил на никакви болки.

OhridNews