Рекордниот број на црвени картони дури 17 откако пристигна на „Сантијаго Бернабе“ и застојот околу новиот договор беше доволен показател за Флорентино Перез да го стави на трансфер листа Серхио Рамос.

Рамос, кој е капитен после Икер Касилјас имаше зациментирано место во составот на Реал Мадрид, но, минатата сезона по караницата со Жозе Мурињо го загуби. Кај новиот стратег Карло Анчелоти, Шпанецот доби нова шанса, но, според него и Перез тој ја прокоцкал и е ставен на трансфер листа.
Покрај каталонците кои уште минатата сезона покажаа интерес за Рамос на листа на чекање се Баерн Минхен, Манчестер Сити и француските гиганти ПСЖ и Монако.
Мх.П.










