Фудбалерот на шпанската репрезентацијата и Реал Мадрид, Серхио Рамос пред еден месец беше трагичар и исмејуван кога го промаши пеналот во 1/2 финалето против Баерн Минхен во Лигата на Шампиони.


После еден месец токму Серхио Рамос го изведе најсмирено, најкултурно четвртиот пенал во серијата со Португалија. Шпанија триумфираше со 4-2 на пенали, и обезбеди пласман во финалето.


Мх.П.