Дерби пресметката помеѓу светскиот шампион Франција и европскиот првак Португалија изненадувачки ја реши погодокот на Нголо Канте. Фудбалерот на Челси во вистинско време и на вистинско место се најде во 53-та минута кога одбиената топка после ударот на Рабиот ја смести во празната мрежа. Двете селекции одиграа супер содржаен натпревар, со многу шанси и добри потези, но сепак, Канте го украде шоуто со голот за победа на „триколорите“.

Новиот рекордер по бројот на настапи во националниот дрес во Европа, Серхио Рамос промаши два пенали во рок од 23 минути во дуелот со Швајцарија. Дефанзивецот нема по добро да го памети јубилејот, бидејќи два пенали во еден натпревар никогаш не промашил.

  • Резултати:

Португалија – Франција 0-1

Шведска – Хрватска 2-1

Германија – Украина 3-1

Швајцарија – Шпанија 1-1

Азербејџан – Црна Гора 0-0

Кипар – Луксембург 2-1

Малта – Андора 3-1

Латвија – Фарски Острови 1-1

Сан Марино – Гибралтар 0-0

OhridNews