Навивачите на Милан имаат причина за славење, откако „росонерите“ со 2-1 (2-1) го совладаа Интер во градската пресметка позната како „Дерби де ла Мадонина“, одиграна во 4-та рунда од Серија А. Фудбалерите на Милан со триумфот во дербито го задржаа максималниот ефект во „калчо“ лигата и се искачија на врвот од табелата.

Победата на Милан ја одбележа Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот голгетер ги постигна двата погодоци. Ибрахимовиќ погоди во 13-та и 16-та минута за предност од 2-0. Во 29-та минута Ромелу Лукаку го намали резултатот и го врати Интер во игра за позитивен исход.

До крајот на првото и цело второ полувреме се играше жестоко на теренот. Екипата на Интер нападна со сите расположливи средства, но Милан издржа и го зачува минималното водство.

Милан сигурно ќе остане на лидерската позиција после поразот на Аталанта во Неапол. Наполи славеше со 4-1.

OhridNews