Челниците на италијанската Серија А подготвија конкретен план за рестарт на сезоната која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид -19.

Калчо лигата ќе продолжи на 13 јуни со заостанатите натпревари од 25-та рунда. Недела дена подоцна на програмата ќе биде комплетната понуда од 26-та рунда. Овие предлози ќе бидат разгледани на состанокот помеѓу водечките луѓе на Серија А и министерот за спорт Виченцо Спадафора.

Ако се помине во најдобар ред, на 13 јуни ќе се одиграат мечевите Интер – Сампдорија, Аталанта – Сасуоло, Торино – Парма, Верона – Каљари.

Лидер на табелата е Јувентус.

OhridNews