Седум сезони или поточно од 2004 година навивачите на  Милан се немаат радувано на трофеј во Серија А. “Росонерите“ кои се лидери на табелата во “Калчо“ лигата, сезонава се на добар пат да го “скршат малерот“ и во витрините да го додадат 18-то “Скудето“.


Избраниците на Масимилијано Алегри на пет рунди до крајот имаат предност од шест бодови пред втопласираниот Наполи, кој е хит на сезоната во Серија А. Бранителот на трофејот Интер зад градскиот ривал заостанува осум бодови што е “невозможно“ да ги надохнадат во преостанатите пет кола до финишот на сезоната.

Распоред 1. Милан (71 бод.) 2. Наполи (65 бод.) 3. Интер (63 бод.)
34 коло     Бреша (г)     Палермо (г)     Лацио (д)
35 коло     Болоња (д)     Џенова (д)     Чезена (г)
36 коло     Рома (г)     Лече (г)     Фиорентина (д)
37 коло     Каљари (д)     Интер (д)     Наполи (г)
38 коло     Удинезе (г)     Јувентус (г)     Катанија (д)

Разврската за титулата “горе долу“ е позната, интересна борба ќе не очекува на дното  на табелата во Серија А. Од 14-та позиција каде се наоѓа Катанија со 36 бодови  разликата до Бреша која е 19-то пласирана со 30 бодови е шест бодови. Последнопласираниот Бари со освоен 21 бод со двете нозе е во понизок ранг односно Серија Б.