Од мечот меѓу Фиорентина и Удинезе во Серија А почнува новитет – во записникот ќе се запишуваат 23 фудбалери.Водството на лигата и на италијанскиот сојуз го прифатија предлогот на претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис за 12 фудбалери на клупата. Тренерите и натаму ќе можат да вршат по три измени.



Одлуката се пренесува и на уште три натпреварувања:купот, суперкупот и првенството на млади екипи. Досега во Италија во записник влегуваа 18 фудбалери, што значи дека тренерите на клупа имаа избор меѓу седум фудбалери.