Не престануваат насилствата во главниот град, кои се во пораст по минатонеделните етнички протести на македонците и албанците.
Деновиве регистрирани се повеќе инциденти и тепачки. 21-годишен жител на с.Марино пријавил дека на бул. „Никола Карев“, во близина на надвозникот кај Бит Пазар, додека се возел во приватен автобус бр.63, од страна на 10-15 непознати лица автобусот бил сопрен, по што истите влегле внатре и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди.
Вчера утрото во Скопје, во кругот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, по завршување на големиот одмор, пет-шест непознати лица пресретнале 17-годишен ученикот од с.Миладиновци и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди.
Синоќа околу 19,10 часот во Скопје на бул. „Крсте Мисирков“, во автобус на ЈСП бр.9, шест до седум непознати лица ги нападнале 16-годишно момче и неговата една година постара другарка удирајќи ги со тупаници по телата, при што им нанеле видливи повреди.
Дваесетина минути подоцна, исто така во Скопје на ул. „Цветан Димов“, на автобуската постојка кај „Јаја Паша“, 17-годишно момче откако се симанало од автобус на ЈСП бр.9, било пресретнато од четири-пет непознати лица, кои физички го нападнале.
Возач на автобус пријавил дена на ул. „Првомајска“, во населбата Пинтија, додека управувал со возилото на ЈСП, непознат сторител фрлил камен кон автобусот, притоа оштетувајќи го. Автобус на ЈСП бил каменуван и кај „Бит Пазар“, дпри што било оштетено предното ветробранско стакло.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.