Резултатите остварени со овие три тима, се поништуваат бидејќи немаат одиграно 51% од натпреварите. “Гладијаторите“ ги совладаа трите екипи кои се откажаа од лигата, значи им се бришат деветте освоени бодови и гол разликата стекната на трите мечеви.
Изгледот на табелата и распоредот за пролетниот дел од првенството драстично ќе биде изменет, првата машка ракометна лига продолжува со десет екипи. Во наредната 15-та рунда Охрид 2011 гостува кај осмопласираниот Младост.