Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, денес, регистрирани се низа земјотреси во соседните земји Албанија и Косово, кои се почуствувани и во Македонија.
Во 11.13 часот регистриран е земјотрес во Косово, на 57 километри западно од Скопје со јачина од 3.1 според Рихтер. Во 11.33 часот земјотрес со јачина од 2.5 степени е регистриран во соседна Албанија, на 9 километри источно од градот Елбасан, а еден час подоцна на оддалеченост од 1 километар од истиот град регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 3.1 степени.
OhridNews