Годинешниот добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, денес во просториите на Друштвото на писатели на Македонија беше прогласен за почесен член на друштвото.

Како што истакна претседателот на ДПМ, Раде Силјан, изборот за почесен член на Друштвото на писатели во Македонија претставува израз на респект кон делото на авторот. Силјан истакна дека поетските вредности на овој поет бунтовник и страдалник преку високото признание трајно се  вградуваат во нашата култура како значајна цивилизациска придобивка од неоспорни вредности на планот на поезијата.

За творештвото на Сероте освен претседателот на ДПМ Раде Силјан, зборуваше и  Славе Ѓорго Димовски, претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

OhridNews