14 учесници од кои 7 сертифицирани негуватели кои вршат услуги за помош и нега на стари лица и лица со попречености во домашни услoви и 7 волонтери кои ја следат тековната обука беа дел од работилницата за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка за негуватели.
Работилницата се фокусираше на влијанието на кризните настани врз луѓето, што е психолошка прва помош и психо-социјална поддршка, кој, кога и каде може да ја пружи, нејзините цели, принципи и одговорности, како и практични техники на пружање психолошка прва помош и психо-социјална поддршка, велат од ОО Црвен крст Охрид.
Посебно внимание, додаваат, се обрна на предизвиците со кои се среќаваат негувателите за време на нивниот ангажман како професионалци кои нудат услуги за помош и нега во домот на стари лица и лица со попречености.
Тренери на обуките беа Ранко Раткушиноски и Катерина Наумоска, обучени за ПСП и ППП.
Инаку, неодамна со добивање на лиценца за провајдер на социјални услуги, започна со работа Нега центарот во рамките на Црвен крст Охрид кој нуди помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот.
OhridNews














