Првпат во 62-годишната историја фудбалскиот клуб Вардар не допатува на првенствен натпревар и ќе го загуби мечот со Металург, со службен резултат од 3-0. Вчера попладне „црвено-црните“ не се појавија на зелениот терен, каде попусто ги чекаа домаќините и малубројните гледачи. Вардар со 6 шампионски титули од што една во СФРЈ, и 5 триумфи во купот е најтрофејниот македонски фудбалски клуб, со најмногу симпатизери.Фудбалерите на Вардар и покрај забраната на раководството сакале да играат против Металург, но вечерта пред натпреварот им биле одземени спортските легитимации за настап.










