Првпат во 62-годишната историја фудбалскиот клуб Вардар не допатува на првенствен натпревар и ќе го загуби мечот со Металург, со службен резултат од 3-0. Вчера попладне „црвено-црните“ не се појавија на зелениот терен, каде попусто ги чекаа домаќините и малубројните гледачи. Вардар со 6 шампионски титули од што една во СФРЈ, и 5 триумфи во купот е најтрофејниот македонски фудбалски клуб, со најмногу симпатизери.

– Јас не паметам Вардар да не допатувал на натпревар во долгогодишната историја на клубот. Таква одлука донесоа двата колективни члена што ги имаат сите 29 поединечни мандати во Собранието. Јас ги предупредив дека одлуката е штетна за Вардар, но немам моќ да сменам нешто – изјави за “Дневник“ претседателот на Вардар, Драги Сетинов кој од пред три дена е запишан и во Централниот Регистар на Македонија.

Фудбалерите на Вардар и покрај забраната на раководството сакале да играат против Металург, но вечерта пред натпреварот им биле одземени спортските легитимации за настап.

Ohridnews