Неофицијално дознаваме дека на конкурсот се пријавиле шест кандидати со неколкугодишно работно искуство во областа на културата.
Од организацијата на манифестацијата велат дека подготовките за најновото издание на СВП течат во најдобар тек и дека годинава во Струга се очекува да пристигнат 50 поети од сите континенти во светот и 30 македонски поети.
Она што се најавува како новина за годинешното издание е идејата Златниот венец годинава да го добие поет од земји кои од скоро зеле учество на манифестацијата и чии претставнници изминатите години не биле застапени во голем број.
Еден од најатрактивниот настан што се одржува на фестивалот, Меридијани – читањата по повод отварање на фестивалот годинава се враќаат во струшкиот Центар за култура.