Активностите се насочени кон информирање и едукација на различни целни групи, за фактите за оваа заразна болест и начините на заштитата од неа.
Во тие рамки денеска на плоштадот “Чинар” од 12:00 ч. ќе биде поставен штанд, каде активистите – ПИЕР едукатори за туберкулоза и лекари на Црвен крст Охрид ќе делат едукативни материјали и ќе даваат корисни совети за ТБ со цел информирање на населението за Светскиот ден на туберкулозата и воопшто за туберкулозата.