Лидерот на СеверНа Кореја Ким Џонг Ун, изјави дека неговата земја повеќе нема потреба од нуклеарни проби, пренесуваат светсите агенции. Тестирањата на нуклеарните и балистички ракети на земјата и обезбедија стратешка позиција и мир, така што повеќе нема потреба од тестирања на ракети и нуклеарки, рекол Џонг Ун.

Владејачката партија на Северна Кореја соопшти дека земјата никогаш нема да го користи нуклеарното оружје, освен во случај кога е загрозена нејзината безбедност, како и дека нема да ја шири и споделува нуклеарната технологија.

САД ја поздравија одлуката на Северна Кореја, оценувајќи ја како голем чекор кон светскиот мир. Одлуката доаѓа непосредно пред најавената средба на претседателот Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун која се очекува да се случи во мај.

OhridNews