Екипата на Севиља се искачи на тронот од Лигата на Европа. Во финалето кое се одигра во Торино шпанскиот преставник со 4-2 по пенал серијата ja совлада Бенфика.

Иако мечот заврши без голови и двете екипи имаа неколку колосални шанси кои не ги претворија во погодок.

Во изведувањето на пеналите посреќна, посмирена беше екипата на Севиља која го совлада составот на Бенфика со 4-2.  „Белите“ не погрешија ниту еднаш и четири пати ја погодија целта, а португалците промашија во два наврати што ги промовираше шпанците во победник во Лигата на Европа.

За Севиља ова е трет трофеј од ова натпреварување по освоените пехари во 05/06 и 06/07 година.

Мх.П.