Фудбалерите на Реал Мадрид сеуште го немаа заборавено поразот од Барселона во „Ел Класико“, а доживеаја нов удар на гостувањето во Севилја откако претрпеа пораз 2-1.

Поразот во Андалузија ќе ги закомпликува желбите на „кралевите“ за титулата бидејќи Атлетико Мадрид и Барселона прокнижија три бодови на табелата.

„Јорганџиите“ пред своите гледачи со погодокот на Диего Коста ја совладаа Гранада додека каталонците со 3-0 триумфираа против Селта Виго.

Резултати : Рајо Валјакано – Осасуна 1-0, Севилја – Реал Мадрид 2-1, Барселона – Селта 3-0, Атлетико Мадрид – Гранада 1-0.

Табела : Атлетико 73, Барселона 72, Реал Мадрид 70…

Мх.П.