Екипата на Инсомнија од Враништа е сензацинален победник на турнирот во мал фудбал “Петровден 2012“. “Црвените“ во финалето со неочекувано високи 5-1 го совладаа тимот на Кадмо и го освоија трофејот.


Силно мотивираните враништани им ја препшуштија играта на играчите на Кадмо, кои имаа серија прилики преку А.Толески, Г. Толески, Трифуноски но само благодарение на одличниот Радески Власе на голот, не се тресеше нивната мрежа.


По еден контранапад , најснаодлив во карамболот пред голот на Секуловски беше Милески Марјан и го отвори резултатот. До крајот на првиот дел продолжи атакот кон голот на Радески, кој не чудесен начин ги стопираше ударите на “црните“. Чашитоски ја имаше најзрелата прилика но неговиот удар од непосредна близина од дирекот заврши во гол аут.


Сликата не се промена ниту на стартот на вториот дел, Кадмо тргна во напад, но по една  мешаница пред нивниот гол, најумешен беше Чулипаноски кој ја зголеми предноста. Кличники прецизните фудбалери на Враништа изведоа уште една маестрална контра и со вториот гол на мечот на Чулипаноски ги “убија“ сите надежи на Кадмо за пресврт.


По тој погодок, понесени од френетичната публика “црвените“ се разлетаа на теренот и благодарение на најдобриот играч на теренот Милески Марјан стигнаа до високи 5-0. Поразот во финишот на мечот го ублажи Ристески Трајче.


Индивидуалните награди за најдобар голман и најдобар играч ги однесоа фудбалерите на Инсомнија.

М.П.