Македонија ја победи Хрватска со 78-76 во втората рунда од континеталниот самит во Литванија.  Македонската кошаркарска репрезентација која е предодредена за трилер мечеви на овај шампионат, имаше спортска среќа и заслужено ја совлада фаворизираната селекција на Хрватска.

Мечот против коцкестите во многу нешта наликуваше на онај против црногорците. Повторно игравме добро во одбраната но не успеваме да ги капитализираме добрите во нападот.

Мечот изгледаше загубен кога на стартот на третиот период хрватите направија серија 8-0 и се одлепија на “недостижни„ плус 12.

Но наместо распад, се случи кохезија во нашата игра и во тој период предводени од Илиевски “црвено-жолтите“ ја анулираа предноста стигнувајќи на егал 60-60.

Во последниот период “коцкестите“ влегоа со плус два, немаа течен напад како претходните периоди, а во тие моменти ротацијата во нашиот тим ги даде посакуваните резултати.


Игра на живци во последните момнети од мечот. Подобрата игра под обрачите ни даваше двојни шанси за поени, кои успеаа да ги искористат Илиевски и Гечевски. На 76-76 на 30 секунди пред крајот Македонија имаше напад преку Меккалеб, но не американецот туку Илиевски на 10 секунди пред крајот погоди за ново водство.

Хрватска го имаше последниот напад, наместо “сигурни“ два се одлучија за удар од надвор, а обидот на Богдановиќ не беше успешен, по што започна македонското славје.

Владо Илиевски кој го постигна “меч винерот“ постигна 18 поени, капитенот Антиќ постигна 15, додека двоцифрен мечот го заврши Тодор Гечевски со 10. Најефикасен на теренот беше Бо Меккалеб со 19 постигнати поени.


Македонија утре е слободна, а во наредната трета рунда ќе игра против апослутниот фаворит Грција. Мечот започнува во 17 часот.