Баерн Минхен на титулата од Бундес и Лигата на Шампиони ја додаде круната од Купот на Германија. „Баварците“ сезоната од соништата ја заокружија со триумф во “покалот“ против Штутгарт со 3-2.


Баерн Минхен е само шести тим во Европа, кој во една сезона ги обединил титулите во првенството, купот и Лигата на Шампиони.

После завршување на натпреварот емоциите на “баварците“ беа измешани кога морааа да се збогуваат со тренерот Хуп Хејнкенс, кој го напушта клубот.


Неговото место на клупата од Баерн Минхен ќе го заземе Пеп Гвардиола. Тој ќе има исклучително тешка задача да го повтори успехот на „стариот лисец“.

Мх.П.