Пораз (3-0) и реми (0-0) за новиот австриски првак Ред Бул Салзбург, кој на 8 рунди пред крајот ја освои титулата во Бундеслигата. По освоената титула “биковите“ се опуштија и тоа резултираше со пораз кај шампионот во заминување Австрија Виена.
Екипата од градот на Моцарт,предводена од тандемот Ралф Рагник (спортски менаџер) и Роџер Шмид (тренер) попатно сруши серија рекорди. Тие се тимот кој во “3 поени“ ерата стана најрано првак. Претходно овој рекорд беше сопстевеност на Штурм кој во сезоната 1998/99 во 29. рунда стана првак.
“Биковите“ го срушија рекордот на најтрофејниот тим Рапид, по бројот на одиграни мечеви без пораз стар 30 години. 31 натпревар во серија избраниците на Шмид немаа пораз. Токму поранешниот сопственик на рекордот Рапид (30 меча без пораз) беше тимот кој ја прекина оваа низа со победата од 2-1. До крајот на сезоната има уште 6 рунди, а само три гола им недостигаат на “биковите“да го срушат рекородот на Рапид од сезоната 1985/86 кога зелено-белите постигнаа 101 гол.
– Сакаме да ги срушиме сите рекорди, а оние кои ние ги поставивме да ги подобриме.Ние сме единствената екипа можеби и во светот, која од првото до последното коло е на врвот на табелата. – истакна Шмид
Офанизвниот пресинг кој го играат фудбалерите на Ред Бул е формулата на успехот која сезонава им донесе многу победи, вклучувајќи ја и онаа во Амстердам против Ајакс со 3-0 во првата елиминацикса рунда во Лигата на Европа.
– За да се успеа во таа намера мора секој фудбалер да дава 100 посто,едноставно нема калкулирање, до колку не се игра дисциплинирано и не се дава максимумот, 70, 80 посто , то едноставно не е доволно, – потенцира Шмид кој го предводи тимот кој 31 меч нема пораз на домашен терен во австриската Бундеслига.
Австрија Виена ја искористи опуштеноста на “биковите“ и во целост ги надигра и победи со 3-0. Ројер, Сутнер и Горгон беа стрелци на головите, во триумфот кој ги остава во трка за место во Лига Европа.
Наредниот викенд на програмата е виенската дерби пресмтка Австрија – Рапид , 309-та во фудбалската историја.
Третото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ ќе се одигра викндов на 28 февруари и 1 март во Спортскиот центар „Климент Колески“ На програмата се 4 натпревари Екипите на ЛТХ Леарница и ...
Денес се одигра првото коло од Пионерската лига Охрид 2026 во шах во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Во лигата учествуваат седум основни училишта од Општина Охрид, а...
Ракометарите на Охрид во рамки на првото коло од плеј-офот гостуваат во сабота кај екипата на РК Бутел во Скопје Го започнуваме плеј-офот со натпреварот против Бутел во Скопје Неодамна одигравме на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.